петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 119
home Вести

Николоски: Новите мерки кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ ќе ја вратат довербата и на домашните и на странските инвеститори

Николоски: Новите мерки кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ ќе ја вратат довербата и на домашните и на странските инвеститори

Александар Николоски, Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вестите на Сител зборуваше за мерките кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ , односно за мерките кои се однесуваа за граѓаните и за бизнисот односно како да се поттикне бизнисот во државата.

-Во овој момент за жал бизнисот во Македонија не се наоѓа во добра кондиција, напротив замреа и домашните и странските инвестиции. Домашните инвеститори не се охрабруваат да инвестираат пред се заради неповолната бизнис клима во делот на оданочување , но и во делот на владеење на правото. Видовме дека бизнисот во изминативе три години беше соочен со еден силен притисок и директен рекет врз бизнисмените, додека странските инвеститори не ја наоѓаа Македонија како поволна дестинација баш заради истите причини. Промената на даночната политика и нестабилната политичка ситуација во државата, пред се немањето на функционален систем на владеење на правото. Во таа насока планираме ние еден цел сет на мерки кои што треба да ја вратат довербата и на домашното стопанство, но и на странските инвеститори, истакна Николоски.

Имено Николоски ги потенцираше и следново:

-Пред се размислуваме за континуиран раст на бруто домашниот производ кој што ќе се движи најмалку 4 % годишно секоја година, во следниот период од 4 години, а може да е и повеќе. Понатаму поддршка на домашните македонски фирми кои што се извозно ориентирани преку сет на мерки кои што ќе им овозможат да можат извезуваат повеќе од Македонија. Тука е и поддршка на странските инвеститори за инвестирања во Македонија, приоритет ќе имаат односно ќе има нов концепт на привлекување на странски инвеститори кои што ќе отвараат развојни и научни центри во рамки на своите фирми, односно да може развојот се случува во рамките на тие инвестиции и високо кфалификувани млади кадри да можат да се вработуваат во истите. Понатака она што многу ќе им помогне на домашните и странските инвеститори е тоа што доколку вработат млад човек во 29 години, нема да плаќаат персонален данок за тие лица, што ќе и голем поттик да младите да останат тука и да ја видат својата иднина во Република Македонија, а спремаме и цел сет на мерки кои во следниот период ќе ги промовираме поврзани со младите и останувањето во Република Македонија.

Коронавирус