недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 91
home Вести

Николоски: Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја исчисти корупцијата и ќе почне преговори за членство во ЕУ

Николоски: Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја исчисти корупцијата и ќе почне преговори за членство во ЕУ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на својот Фејсбук профил денеска сподели статус од Париз.

-СИЛНА БИТКА СО КОРУПЦИЈА Е УСЛОВ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ Е ЈАСНАТА ПОРАКА НА ПАРИЗ. НОВАТА ВЛАДА НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ЈА ИСЧИСТИ КОРУПЦИЈАТА И ЌЕ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ!

Денес во Париз исклучително важни средби со вториот човек на Францускиот Парламент за надворешни работи, Жак Мер човекот одговорен за новата политика на Макрон кон Европската Унија и проширувањето. Исто така средба со Сенаторот Ален Ришар, одговорен за економска соработка со Балканските земји. Пораките на Франција се јасни – ја сакаат Македонија во ЕУ и сакаат да преговара за членство што поскоро, но мора да се случат две работи – да се промени мотодлогијата за преговори и Македонија да испорача силна битка против корупцијата како и спроведување на законите. Не се проблем законите туку нивното спроведување со фокус кон владеење на правото и борба со корупцијата.

Со нашите соговорници споделивме дека и нашите цели се исти – почеток на преговори за членство со ЕУ, силна борба со корупцијата и функционирање на владеење на правото. Постигнувајќи ги овие цели ќе расте економијата, ќе се отвораат нови работни места, ќе растат платите и младите ќе остануваат во Македонија.

По изборите во април ВМРО-ДПМНЕ заедно со Франција ќе работи да ги постигне овие цели!, стои во неговиот пост на Фејсбук.