вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Ниеден нормален човек не преговара за национални интереси со друга држава, поради отпорност од Комисијата, Заев решава да ја менува

Николоски: Ниеден нормален човек не преговара за национални интереси со друга држава, поради отпорност од Комисијата, Заев решава да ја менува

„Во однос на историјата, мислам дека ова е прилично болно прашање ко е што се отвора. Зоран Заев разговара за работи за кои што нормален човек, нормален Македонец не би ни помислил да разговара, а камоли да преговара за работи кои што се факт, кои што се непобитни. Имено, македонската борба за државност и за национално осамостојување има јасен политички и историски континуитет кој што не може да биде пресечен, и тоа е целта на Бугарија. Таа борба започнува во средината на 19-тиот век преку преродбениците продолжува низ бројни востанија кои што се водени на македонска територија, на кои што круна е Илинденското востание, понатака доаѓа распарчувањето на Македонија во Балканските војни и Првата Светска војна. Отпорот кој што се случува помеѓу двете Светски војни е едно живо практично востание кое што го имате на територија и на географска Македонија и на денешна Република Македонија. Круната таа битка ја добива на 2-ри август Илинден 1944 година во АСНОМ, а своето финале го добива на 8-ми септември 1991 година со Референдумот за независност“, појасни потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денес при своето гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Николоски додаде дека токму овие настани претставуваат јасен континуитет на македонската политичка борба за независност, државност и самобитност на македонскиот народ по јасно дефинирани позиции кои што се различни од сите наши соседи. А, тука разговори и преговори под никако не треба да има. Ако има разговори и преговори за вакви прашања има тоа ќе значи поткопување на македонската државност, а тоа за жал е целта на Бугарија.

„Протестите изникна од народот затоа што еден голем револт се случи кај луѓето за тоа што видоа што Зоран Заев прави и низ тоа интервју за БГНЕС сликовито покажа што работи во целиот изминат период и на што мисли да работи во периодот што доаѓа. Тоа не беше реакција само на ВМРО-ДПМНЕ, беше на едни пошироки општествени структури, на мое големо задоволство после подолго време сепак се јави и МАНУ, се јави и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, се јавија и бројни општествени организации кои што реагираа. Реагираше и МПЦ, реагираа и незадоволни структури и во СДСМ и во други политички партии кои што се од власта и секако реагираше и ВМРО-ДПМНЕ“, рече Николоски.

Николоски посочи дека единствена причина што Зоран Заев не потпиша нов анекс со Бугарија е отпорот на граѓаните во Македонија. Народот му покажа на Заев кај му е местото и да не чепка по националните интереси.

„Дали е вистина дека Зоран Заев незадоволен од работата на историската комисија затоа што не му потпишува се што ќе политички договори со Бугарија, работи на компромитација на неколку нејзини членови. И работи на промена на историската комисија затоа што комисијата ја именува МНР со цел да се постави комисија која што ќе потпише сето она што е желба и политичка волја на Зоран Заев и Владата. Ова е легитимно прашање кое што ја интересира македонската јавност, а на кое што седми ден немаме одговор“, потенцираше Николоски.

Николоски рече дека негови информации се дека целокупната комисија ќе се менува од страна на владата бидејќи не можат да најдат во рамки на комисијата јадро од еден или повеќе членови кои што би отишле во линија на попуштањата кои што сака да ги направи Зоран Заев.

Најнови вести

Локални избори 2021