сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Ние ќе притискаме за предвремени парламентарни избори кои можат да се случат со договор или со протести

Николоски: Ние ќе притискаме за предвремени парламентарни избори кои можат да се случат со договор или со протести

Во централниот дневник на Канал 5, гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Александар Николоски кој рече дека ВМРО-ДПМНЕ како партија ќе притиска за предвремени парламентарни избори доколку власта не прифати, не се исклучува можност и за протести.

-Ние ќе продолжиме силно да притискаме за предвремени парламентарни избори . Предвремени парламентарни избори можат да се случат со договор кој што ние би го направиле со СДСМ и со останатите политички партии, за определување на датум. Или можат да се случат преку масовни протести на улица, истакна Николоски.

Николоски појасни дека сега останува избор на Зоран Заев. А, доколку Зоран Заев не се вразуми и во разумен рок не се определи заеднички датум за предвремени избори, датумот за предвремени избори ќе го определат оваа есен граѓаните на Република Македонија и тоа на улица.

Коронавирус