четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 10
home Вести

Николоски: Немам намера однапред на Заев да му ги кажам нашите постапки и методи, за зачувување на името на Македонија

Николоски: Немам намера однапред на Заев да му ги кажам нашите постапки и методи, за зачувување на името на Македонија

Во своето гостување на телевизија Сонце, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски истакна дека најголемата опозициска партија ги гарантира македонските национални интереси, и побара од граѓаните да бидат спокојни. ВМРО-ДПМНЕ нема однапред да му ги соопшти на својот политички противник своите понатамошни чекори и со какви методи ќе се користи опозицијата, додаде тој.

-Немам намера три месеци однапред на Заев да му кажувам како ќе постапиме и какви методи ќе користиме, граѓаните да бидат спокојни ВМРО ДПМНЕ ги гарантира националните интереси, вели Николовски

Во повеќе наврати од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека ќе ги искористат сите демократски и правни механизми да не дозволат овој договор со Грција да стапи во сила.

Коронавирус