вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 68
home Вести

Николоски: Не може Заев преку ноќ да избрише историја која што се случила пред 70-тина години и има се уште живи сведоци

Николоски: Не може Заев преку ноќ да избрише историја која што се случила пред 70-тина години и има се уште живи сведоци

Денес потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски имаше јавување во „Стадион“ на Канал 77 каде што посочи дека Заев не може да ја избрише историјата преку ноќ, а посебно не историјата која што се случила пред 70-тина години и се уште има живи сведоци од тоа време.Заев не може да избрише дека македонската држава се темели на Илинденска и Асномска епоха. И не случајно се случи АСНОМ на 2-ри август, Илинден.

„Видете јас сум свесен дека после ова што му се случи на Зоран Заев еден класичен бродолом после тоа интервју за БГНЕС каде што во суштина тој го кажа тоа што и зборува со бугарските официјални лица. Свесен сум дека се обидуваат одредени структури да го одбранат и да направат пропаганда. Таа пропаганда веќе не им поминува. Историјата е јасна, ја знаат и сите. Не се случило пред илјадници години туку се случила пред 70-тина година и има живи сведоци се уште на она што се случувало. Факт е дека македонскиот народ доби своја држава низ две епохи, едната е Илинденската епоха и како продолжение и континуитет на таа Илинденска епоха е антифашистичката Асномска епоха. И врз основа на овие два темели се изгради македонската држава и не случајно се случи АСНОМ на 2-ри август, Илинден“, истакна Николоски.
Николоски додаде дека голем дел од партизанските одреди носеа и имиња на илинденци, видни членови на ВМРО.

„Јасен е континуитетот на македонската борба. Ако некој сака да го оспорува, во случајот тоа е Бугарија, оди спротивно на вистината. Но она што мене најмногу ме боли е она што во Македонија постојат врвни политичари, во случајот премиерот кој што е спремен да го прифати тоа и тоа е најголемиот проблем во ова што се случува. Не е проблем тоа што некој бара, проблем е што овдека во Македонија има спремен некој тоа да го прифати“, нагласи Николоски.

Николоски посочи дека за жал во Македонија има континуитет на анационалните, антидржавни политики од Зоран Заев и екипата околу него.

Коронавирус