сабота, 17. август 2019. Вести денес: 49
home Вести

„Не еден, туку многу бизнисмени се рекетирани! Вкупната сума надминува 20 милиони евра“

„Не еден, туку многу бизнисмени се рекетирани! Вкупната сума надминува 20 милиони евра“

Разврската на настаните околу случајот на рекетирање на македонски бизнисмени и злоупотреба на Специјалното обвинителство во спрега со партијата СДСМ и Зоран Заев не е ни во првата фаза. Јавноста со право очекува многу одговори и брза истрага. Власта и Заев со цел да се спасат одолговлекуваат и ќе направат сè да поминат со што помалку штета, но вистината ќе излезе на виделина, пишува во својата најнова колумна за Независен потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Тој открива дека вкупната сума на побарани и добиени средства надминува 20 милиони евра.

-Она што ќе излезе, а сакам со вас да го споделам, е дека не еден, туку многу македонски бизнисмени се рекетирани, а вкупната сума на побарани средства и добиени надминува 20 милиони евра. Тоа била една детална операција сработена од врвот на СДСМ во која овие што сега се обвинуваат, како и специјалната обвинителка, се само дел од извршителите. „Проектот“ бил долго и систематски подготвуван и имал за цел сериозна имотна корист за врвот на СДСМ преку злоупотреба на правосудниот систем. Во овој момент голем дел од бизнисмените се под директна закана на власта на Заев и се плашат јавно да проговорат. Исто така, се плашат да говорат и пред обвинителството кое ја води истрагата, но со промената на власта и ослободување од стегите и притисоците ќе проговорат и овие луѓе за тоа со што се соочиле да ги изгубат слободата, бизнисите и семејствата, подвлекува Николоски.