среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 123
home Вести

Николоски на средба со Сијарто: Работиме на интензивирање на соработката на сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕС и продлабочување на односите на Македонија со Унгарија

Николоски на средба со Сијарто: Работиме на интензивирање на соработката на сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕС и продлабочување на односите на Македонија со Унгарија

Денес Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Унгарија Петар Сијарто.

Средбата доаѓа како продолжение на претходната дипломатска посета која што делегација предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја имаше со врвот на Унгарската влада, како и во функција на реализација на заложбите за почеток на преговори на Македонија со ЕУ, интензивирање на соработката на сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕС и продлабочување на односите на Македонија и Унгарија.

На средбата Николоски – Сијарто разговараа за продлабочената соработка и јакнење на капацитетите на двете сестрински партии Фидес и ВМРО-ДПМНЕ во рамките на семејството на Европската Народна партија, како и продолжување на напорите на одблокирање на патот кон Европската Унија.

Потпретседателот Николоски истакна дека исклучително важно е да не се губи време со интеграциите на Македонија и од голема помош е секоја поддршка и лобирање на пријателите како што е Унгарија.

Високиот степен на корупција, како и неказнетиот криминал кој е потврден и од Транспаренси Интернешнл е сигнал дека Владата на Македонија ги губи своите приоритети, но и дека сето тоа не смее да ја направи државата и граѓаните заложник на неспособната влада

Беше констатирано дека Македонија е време да започне преговори веднаш, а поддршката е сестрана од Унгарија, воедно ваква поддршка Владата треба да побара од сите држави пријатели на Европско тло.

Николоски ќе ја продолжи својата дипломатска турнеја и во Белград каде ќе оствари средба со амбасадорката на Португалија земја преседавач со ЕУ Мариа Виргина Пина која ја покрива и Македонија.
Воедно ова ќе биде прва средба со политичар од Македонија откако од 1 јануари оваа година Португалија е земја претседавач со Европската Унија.

ЕУРО 2020

Македонија