сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: На македонските полиња доаѓа обновата, исправете се земјоделци

Николоски: На македонските полиња доаѓа обновата, исправете се земјоделци

На македонските полиња работи вреден и чесен народ кој што живее од својата мака и труд и кој што ја има мојата почит.

Почит за житарите кои од утро до мрак неуморно се трудат за најдобриот леб на светот.

За лозарите кои ја знаат тајната на најдоброто вино.

За тутунарите кои од бели мугри се мачат за да ја прехранат фамилијата.

За градинарите без кои нема здрава нација.

Почит за сите земјоделци кои се нашите херои.

На македонските полиња работат вредни, неуморни и чесни луѓе кои секоја година знаат што значи да се обнови родот.

Да се обнови семето за да се жнеат плодовите на макотрпната работа.

На македонските полиња доаѓаат подобри времиња за сите земјоделци.

Време во кое секој ќе може да исправи гордо, да е задоволен и платен за сработеното, да биде почитуван.

Исправете се земјоделци. На македонските полиња доаѓа обновата! Одбери Обнова! Исправи се Македонијо! Заокружи број 14!, вели во своето видео обраќање носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 4 Александар Николоски.

Коронавирус