недела, 15. септември 2019. Вести денес: 63
home Вести

Николоски на црковно-народниот собир во охридското село Скребатно по повод Голема Богородица

Николоски на црковно-народниот собир во охридското село Скребатно по повод Голема Богородица

Со претседателот Иванов и пријателите од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Струга и Кичево Кирил Пецаков, Сашо Донев, Никола Затуроски и Влатко Стојкоски во Скребатно со македонскиот народ на Голема Богородица. За многу години!, пишува Николоски на својот Фејсбук профил.

На празникот уште кај народот познат како Голема Богородица години наназад кај црквата посветена на Богородица во излетничкото место Скребатно традицонално се одржува голем црковно-народен собир на кој присуствуваат илјадници верници.

Секоја година на празникот во Скребатно се одржува наддавање за светиот крст, а средствата собрани од учесниците во наддавањето се искористуваат за надградба и одржување на светиот храм и излетничкото место.