четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 133
home Вести

Николоски, Милошоски и Ѓорчев го следеа онлајн 69-от молитвен појадок во Вашингтон

Николоски, Милошоски и Ѓорчев го следеа онлајн 69-от молитвен појадок во Вашингтон

Пратениците Александар Николоски и Антонио Милошоски, како и меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев го следеа онлајн 69-от молитвен појадок во Вашингтон.

Оваа година за прв пат молитвениот појадок се одржа виртуелно, преку онлајн обраќања поради ковид пандемијата.

Главни говорници беа претседателот на САД Џо Бајден и спикерот на Конгресот Ненси Пелоси.

Во своето обраќање претседателот Бајден нагласи дека овој традиционален настан ги собира и обединува луѓето од различни земји, култури, партии и убедувања.

Претседателот Бајден повика на дух на обединување и надминување на разликите.

Претседателката на Конгресот на САД Ненси Пелоси особено се задржа на ковид кризата, која изминатава година ги зафати САД и светот. Пелоси нагласи дека треба да сеќаваме на бројните жртви, како и да им се помогне на тие кои што сеупте страдаат од ковид кризата.

Воедно, за време на Молитвениот појадок имаше поголем број на обраќања на сенатори и конгресмени од редовите на Демократите и Републиканците.

За време на онлајн собирот на учесниците од Европа свои обраќања имаа Милошоски и Ѓорчев, нагласувајќи дека се работи за одличен настан кој што ги обединува и зближува луѓето.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија