вторник, 21. август 2018. Вести денес: 73
home Вести

Николоски: Макрон не може да се согласи Македонија да добие датум за преговори кога го има на снимка Заев како бара мито од 200.000 евра

Николоски: Макрон не може да се согласи Македонија да добие датум за преговори кога го има на снимка Заев како бара мито од 200.000 евра

Како да очекуваме Макрон да се согласи Македонија да почне преговори кога неговиот колега премиер од Македонија го има на снимка како бара 200.000 евра. Кога Европската Унија пишува за корупција на највисоко ниво мисли на премиерот, затоа што францускиот, холандскиот и белгискиот амбасадор праќаат извештаи до нивните премиери и претседатели во кои што им кажуваат дека цела јавност гледа како премиерот бара мито, ама судот и обвинителството не го гледаат, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Правац“ на српската Пинк 3 Телевизија.

Тој посочува дека Европска Унија има четири барања.

-Борба против корупција на високо ниво, реформа во судството, реформа во администрација и подобрување на економски услови,а во Македонија главната приказна беше дека доколку се промени името, Македонија ќе стане членка на Европската Унија и членка на НАТО, вели Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека иако Зоран Заев на 17 јуни потпишал договор за промена на името, веќе на 26 јуни стигнала информацијата дека Македонија нема да добие датум за преговори и дека можеби ќе добие следниот јуни доколку исполни одредени обврски кои се дадени.

– Оваа приказна која се зборуваше низ Македонија дека доколку се промени името ќе почнеме преговори пропадна. Сега луѓето легитимно се исплашени и се плашат што е следното, дали е можеби кантонизација на Македонија или некој друг проект, истакна Николски.

Тој додаде дека оваа влада не прави ништо во Македонија и од лидер во регионот и во првите земји во Европа по развој и раст на економијата сега не носат кон економска криза и пропаст.

– Од шампион во економија и во привлекување на странски инвестиции и пример во целиот регион, оваа година имаме пад во градежништвото за 37% во БДП, а во дел на вредност за 83%, тоа значи дека се е замрзнато и немаме раст. Во овие година и пол немаме странски инвеститори, резервите финансиски се трошат и ќе почне економска криза во Македонија, нагласи Николоски.