среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 114
home Вести

Николоски: Македонскиот народ мора да си го зачува своето национално достоинство

Николоски: Македонскиот народ мора да си го зачува своето национално достоинство

-Прво би сакал да го честитам денот на македонската национална борба, денот на основањето на внатрешната македонска револуционерна организација. Не случајно го избравме 23 октомври како ден на кој што ќе направиме голем протест за сите неправди кој што се случуваат во Македонија и за сите национални понижувања со кои се соочува Македонија. Симболично ќе се упатиме кон центарот на Скопје, кон македонското Собрание, каде што живее македонската демократија и оттаму ќе тргнеме кон градот Штип затоа што основите на ВМРО се градот Солун и во градот Штип знаеме дека таму учителствувал Гоце Делчев, Даме Груев и останати видни водичи на ВМРО. Оттаму се исто така и Тодор Александров и останати водачи на ВМРО, така што таа симболика сакаме да ја постигнеме денес и истите маки со кои што се соочувал македонскиот народ и македонската држава во годините на основањето на внатрешната македонска револуционерна организација се соочува и денес, македонскиот народ е под притисок од недемократски сили, е под закана за уништување на македонското национално достоинство, силно се бори и ќе успее да се бори во таа битка. Зошто го правиме со автомобили, затоа што заради алармантната ситуација со корона кризата би сакале да го заштитиме здравјето на сите кои што ќе ни се придружат. Ги повикувам и скопјани, штипјани и сите да ни се приклучат на овој протест, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето вклучување во вестите на Сител.

Тој во своето вклучување порача дека пораката која денес ВМРО-ДПМНЕ ја испраќа со овој протест е Македонија, македонскиот народ, граѓаните на Македонија и сите кои што живеат во Македонија, македонци, турци, албанци, срби роми, власи и останати заслужуваат Македонија конечно да отпочне преговори за членство со ЕУ.

-Овој народ направи многу за Македонија да отпочне преговори со ЕУ, но во исто време она што е значајно е дека мора да се зачува македонското национално достоинство, затоа што суштината и смислата на ЕУ е зачувување на националното достоинство на сите земји членки во таа насока ние сметаме дека е основа да си го зачуваме македонското национално достоинство, а во исто време Македонија заслужува и мора да почне, а јас сум убеден дека ќе почне преговори за членство во ЕУ и ќе биде достојна членка на ЕУ, додаде Николоски.

Коронавирус