сабота, 12. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Македонија може да остане без експресната пруга кон Солун, само поради неспособноста на Заев и немањето проект

Николоски: Македонија може да остане без експресната пруга кон Солун, само поради неспособноста на Заев и немањето проект

Во вечерашното издание на дебатната емисија „Само интервју“ на Канал 5 телевизија гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој се осврна на моменталната политичка ситуација во земјата, инфраструктурната стагнација, лошите владини политики, како и на криминалните афери кои власта ги креира на дневно ниво.

Николоски вели дека наместо железницата да биде реконструирана и обновена, бидејќи најчистиот превоз е всушност железницата, СДСМ се смее и се потсмева поради тоа што Николоски кажал дека неговиот сон е да се патува од Скопје до Солун за час и половина. Тој додава дека тоа е начинот на кој СДСМ е научено да функционира, а тоа е без конкретни проекти и без нивна реализација.

“Доколку Зоран Заев во овој момент не приложи проекти во однос на изградбата на железницата онаму каде што ќе го повикаат, брзата пруга нема да поминува низ Македонија, па и нашите граѓани да ги имаат тие привилегии да патуваат до Солун, туку ќе сврти лево и ќе оди преку Бугарија и по реката Марица ќе оди надолу, па ќе се спушти кај Солун. Тоа е за 300 километри поголема пруга, но ќе се реализира, бидејќи Бугарија има готов проект, за разлика од Зоран Заев”, вели Николоски.

-Доколку таа пруга не се реализира во Македонија, ние ќе останеме црна дупка. Тоа значи дека покрај оние 2 милијарди евра директна инвестиција, Македонија ќе загуби и линија која што најбрзо ќе стигнува до Солун, само поради тоа што Зоран Заев и неговите соработници се неспособни и не можат да направат проект и проектна документација, потенцира Николоски и додава:

„Ова се големи проекти и големи придобивки за Македонија, но доколку Зоран Заев не ги искористи можностите за реализација на истите, тогаш Македонија ќе биде оставена настрана во моменти кога има зрела шанса да се поврзе со јужниот сосед преку експресна железничка пруга“.

ЕУРО 2020

Македонија