сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 94
home Вести

Николоски: Македонија е во многу тешка состојба, тоа е резултат на пандемијата, но и на неснаоѓањето на надлежните институции, помошта е добредојдена

Николоски: Македонија е во многу тешка состојба, тоа е резултат на пандемијата, но и на неснаоѓањето на надлежните институции, помошта е добредојдена

Во вклучување во вестите на Алфа телевизија денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, истакна дека Македонија е во многу тешка состојба, тоа се должи и на пандемијата, но и на неснаоѓањето на надлежните институции и секоја помош е добредојдена.

Николоски истакна дека денешната помош од Унгарија е од голема помош за здравствените работници и полицијата коишто се најизложени на ризик во оваа криза.

-Македонија е во многу тешка состојба, тоа е резултат и на пандемијата, но и на неснаоѓањето на надлежните и одговорни лица. Ние сме особено горди што и Унгарија и Словенија како пријатели на Македонија помагаат.

Николоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија успеала тоа да го сработи во соработка со премиерите на Унгарија и Словенија. Тоа е само еден чекор плус за тоа како партија можеме да помогнеме на Македонија, затоа што на крај помошта оди кај граѓаните и тие ќе видат најголема корист од оваа помош.

-Во следниов период се надеваме дека ќе има уште поголема помош, работиме и со други пријателски држави каде што Европската народна партија има премиери и се надеваме дека ќе добиеме помош и од други држави, за да се надмине колку толку оваа криза и за помош на здравствените работници и полицијата, а тие да можат да им помогнат на луѓето коишто имаат најмногу мака, вели Николоски.

Тој посака се најдобро на оние коишто се заболени од коронавирусот, како и здравствените работници да издржат во борбата со коронавирусот да помогнат на сите оние на коишто им е потребно.

-На Македонија и треба многу повеќе опрема, затоа што имаме недостаток од истата, потребно е подобро справување со економскиот предизвик, нам ни е битно каде се граѓаните коишто се загрижени за своите работни места, но сега за сега ова е начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ може да им помогне, посочи Николоски.

Коронавирус