недела, 16. мај 2021. Вести денес: 56
home Вести

Николоски: Македонија добива позитивни препораки од 2009 година, но преговорите не зависат од двојките на оваа Влада, туку од Грција

Николоски: Македонија добива позитивни препораки од 2009 година, но преговорите не зависат од двојките на оваа Влада, туку од Грција

Добро е што Македонија доби позитивен извештај од Европската комисја бидејќи тоа е патот кон кој чекориме. Она што ми пречи е очигледно организирана маркетиншка и пи-ар кампања зошто од 2009 година добавме препорака и секогаш Грција на состанок на Советот на ЕУ ставала вето, изјави Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на телевизија Телма.

Тој потенцираше дека ова годинава е уште една препорака за почеток на преговори и ништо друго. Има оценки дека се движи кон реформи, но има и критички делови, во клучни области како правосудството, корупцијата, човековите права и економијата.

Според него има разлика дали во Извештајот се користи или има „дали ќе има прогрес“ или како што е во извештајов најчесто користен збор „одреден напредок“.

-Или кажано со оценки како што рече и министерот за надворешни работи Димитров, владата се претствавува дека добива петки, а добива двојки, посочи Николоски.

На прашањето дали е песимист или оптимист во контекст на прашањето а името, Николоски рече:

-Ние не сме членка на ЕУ само заради Грција и целиот процес на каснење е зошто Грција ги користеше сите начини да го блокира патот на Македонија кон ЕУ.

Во тој дел тој укажа дека Владата реши целосно да ја исклучи опозицијата, а ако и кога ќе има решение ќе кажат свое мислење.

Најнови вести

Коронавирус