вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 111
home Вести

Николоски: Косовскиот заменик министер треба да одговори зошто не ги испорачуваат осудените од „Монструм“ и „Диво насеље“

Николоски: Косовскиот заменик министер треба да одговори зошто не ги испорачуваат осудените од „Монструм“ и „Диво насеље“

Клучното прашање кое треба да му се постави на заменикот министер за правда од Косово, е зошто не ги испорачуваат лицата кои се дел од два судски процеси и се правосилно осудени во Македонија, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во „Тема на денот“ во дневникот на Сител, во врска со најавите дека косовскиот заменик министер ќе има средба во Идризово со осудените од „Диво насеље“.

Николоски истакна дека тој треба да одговори зошто не ги испорачуваат осудените за случаите „Монструм“ кога беа убиени тинејџери и случајот „Диво Насеље“ и зошто ги штитат таму.

– Како и зошто не испорачуваат уште неколку осудени лица на пример за кражби на банки или други видови на кражби? Зошто остануваат заштита на осудени криминалци. Тоа е прашањето кое треба да се постави на заменик министерот за правда на Косово, потенцираше Николоски.

Коронавирус