четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 102
home Вести

Николоски: Ќе работиме на враќање на уништеното македонско национално достоинство кое Заев го уништи

Николоски: Ќе работиме на враќање на уништеното македонско национално достоинство кое Заев го уништи

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во утринската емисија на Алфа телевизија рече дека ВМРО-ДПМНЕ е во постојана дневна комуникација со граѓаните низ цела Македонија каде се дискутира за секојдневните проблеми и овој пристап на ВМРО-ДПМНЕ е со цел да се прашаат граѓаните што очекуваат од изборите и што очекуваат тие после изборите.

-Ние генерално знаеме дека очекувањата се јасни и тоа е да се расчисти со корупцијата, да завладее функционален систем на владеење на правото, да се подобри економијата, да се отворат нови работни места, да се зголемуваат платите во постојните македонски компании и тие да се поконкурентни и компетативни, да доаѓаат странски инвестиции, да работиме на враќање на уништеното македонско национално достоинство кое што го уништи Зоран Заев, така што јасни се контурите, кажа Николоски во своето гостување.

Тој посочи дека сакаат да дознаат од граѓаните што тие мислат за ВМРО-ДПМНЕ, што мислата за политичките конкуренти, што мислат за државата и врз основа на тоа да се финализира програмата.

-Работиме на конкретизирана програма која ќе ја понудиме во овие избори. Тоа нема да е програма од типот на празни ветувања за 500 евра плата и 500 километри автопат во Македонија, па на крај да почнат да се реализираат 2 км автопат. Нема да одиме со такви лаги, ќе одиме со реални работи, но реалните работи доаѓаат од луѓето, додаде Николоски.

Коронавирус