среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 102
home Вести

Николоски: Ќе го вратиме достоинството на просветните работници, 36.000 денари палта за наставниците од средното и основното образование, и 100.000 денари плата за високото образование

Николоски: Ќе го вратиме достоинството на просветните работници, 36.000 денари палта за наставниците од средното и основното образование, и 100.000 денари плата за високото образование

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 4, во интервју за Македонската телевизија истакна дека со Обновата на Македонија ќе се врати достоинството на просветните работници, додавајќи дека платите на наставниците во средното и основното образование ќе изнесува 36.000 денари плата, а на професорите во високото образование ќе стигне до 100.000 денари.

-Во делот на образованието сериозна реформа планираме и во делот на средното и основното образование да прво го вратиме достоинството на просветните работници кое што во моментот е урнисано за жал. Планираме платата во основното и средното образование да е над 36.000 денари, додека платата во високото образование да оди до 100.000 денари, се со цел да имаат пристојни приходи оние кои што ги образуваат нашите деца се со цел да можат добро да го пренесуваат знаењето да се мотивирани да се врати образованието онаму каде што му е местото, вели Николоски.

Тој додава дека ќе има реформи во средното образование во две насоки, воведување на средно насочено образование кое што ќе ги селектира кадрите од сам старт.

-Во моментот во Македонија имате проблем да најдете занаетчии, заверувачи или да најдете електро механичари затоа што за жал има инфлација на факултети високо образовани институции кои што не продуцираат кадар, а во исто време насоченото средно образование беше уништувано со години наназад. На стопанството му е потребно и тука ќе работиме сериозно со стопанството да можат да почнат да работат делумно децата уште во трета година средно образование за да можат да ги добиваат тие вештини и оние кои што нема да продолжат на факултет компаниите кои што ќе ги вработат ќе бидат ослободени од сите давачки и дополнително ќе имаат субвенции, се со цел што повеќе млади луѓе да се вработуваат на самиот завршеток на средното образование, рече Николоски.

Николоски истакна дека клучен проект од Обнова за Македонија е дигитализацијата укажувајќи дека државата мора да се фати како држава чекор со развиениот свет.
Клучен дел на нашата програма е дигитализација. Во следните четири години планираме мандатот да биде обележан со дигитализација односно тоа е клучниот проект кој што го ветуваме затоа што мора ние да фатиме како држава чекор со развиениот свет, кажа Николоски.

Коронавирус