недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 21
home Вести

Николоски: Јавното обвинителство да ги истражи наводите за притисоци, закани, уцени и поткуп на пратеници

Николоски: Јавното обвинителство да ги истражи наводите за притисоци, закани, уцени и поткуп на пратеници

Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното Обвинителство по допрен глас да ги истражи наводите за притисоци, закани, уцени и поткуп на пратеници.

-Го повикуваме јавното обвинителство да ги истражи сите наводи за сите, и членови на ВМРО-ДПМНЕ, сегашни и поранешни, но и членови на СДСМ, луѓе со криминално минато, затоа што имаше и многу такви и сите оние кои што им помагаа, како и луѓе од судството и обвинителството кои што експресно носеа одлуки кои што претходно не можеа да се замислат, која била нивната улога во обезбедување на ова двотретинско мнозинство и соодветно на тоа јавното обвинителство да преземе активности, порача вчера потпретседателот на партијата, Александар Николоски.

На новинарско прашање, дали ВМРО-ДПМНЕ се чисти од неистомислениците, Николоски одговара:

„Па јас мислам дека доколку се организирала група која што на пратениците им се заканувала дека вечно ќе останат во затвор, дека физички ќе ги нападне им нудела пари и сето тоа за да ги зачува своите стекнати привилегии како и судски да не одговара во договор со Зоран Заев. Ако тоа сме го дознаеле и препознале и заради тоа превземаме вакви мерки, тоа не се неистомисленици, тоа е еден друг стил на работа кој што треба јавното обвинителство да го истражи“.

-Централниот комитет направи анализа кој и што правел во овој период на обезбедување на ова двотретинско мнозинство. Исто така она што е квалитативна одлика на оваа седница е дека после долги година на молчење во партијата се отвори една силна внатре партиска дебата за тоа што се случувало во партијата во изминатиот период. Процесот во вој момент се сведе на овие личности затоа што се однесува токму на оваа постапка, но секако ќе ги опфати сите оние кои се огрешиле пред партијата и пред законите. Но, исто така се во криминална коалиција со Зоран Заев која веќе ја честитав. Коалицијата е Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков, порача Николоски.

Коронавирус