понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 34
home Вести

Николоски: Јасен политички договор за пописот помеѓу СДСМ и ДУИ постои, истиот ќе создаде нереални бројки, Македонија стана држава на проценти, не држава на граѓани

Николоски: Јасен политички договор за пописот помеѓу СДСМ и ДУИ постои, истиот ќе создаде нереални бројки, Македонија стана држава на проценти,  не држава на граѓани

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва во интервју на Алфа телевизија, во врска со пописот, посочи дека Македонија одамна е држава на проценти, а не држава на граѓани, како и дека постои политички договор за проценти помеѓу СДСМ и ДУИ, кој сам по себе е штетен затоа што ќе предизвика нереални бројки и ќе однесе државата во погрешен правец.

-Има јасен политички договор за пописот, тој се гледа и е помеѓу СДСМ и ДУИ, за жал во Македонија пописот одамна не е статистичка операција туку е политичка операција, особено по Охридскиот рамковен договор, кога земјава стана држава на проценти, а не држава на граѓани кои што живеат, поделени во етнички групи, за жал не носи добро на Македонија, а процентите се знаат во некоја меѓу јавност и истите се лиферуваат, посочи Николоски.

Николоски истакна дека тој политички договор создава нереални бројки и може да ја однесе цела држава во погрешен правец, од планирањето на образовниот процес, до изградба на градинки, каде во едни општини имаме недостаток на места, луѓе не можат да ги запишат своите деца, а во други имаме празни места.

-Вториот несакан правец е во делот на политичките прашања, каде нереалното покажување на проценти, предизвикува последици во првата, како во бројот на вработувања, распределба на финансии во одредени општини, каде едни добиваат повеќе, други помалку, тука е јасна намерата на Зоран Заев кој е единствен политичар Македонец, кој не очекува поддршка од македонскиот народ, а и не може да ја добие после толку предавства и затоа што игра за сите, освен за македонскиот народ и тоа е штетноста на овој договор, критикуваше Николоски.

Николоски дополнително истакна дека не познава човек кој вели дека оваа власт е способна, не попис да спроведе туку за било што во државава, па вели дека власта ја застана и ја замрзна државата, дали од големите инфраструктурни проекти кои не се случија четири години до актуелните проблеми со вакцините.

-Километар автопат не се изгради во овие четири години, да не зборуваме застадиони и аеродроми кои се градеа во минатато, да не зборуваме за вакцините, Македонија е веројатно единствена земја во регионот или во Европа во која не се спроведува вакцинирање или нема вакцини, една Србија стана репер и стандард за вакцинирање, истакна Николоски.

ЕУРО 2020

Македонија