среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 33
home Вести

Николоски: Јас повеќе имам доверба во македонскиот народ отколку во било која партија

Николоски: Јас повеќе имам доверба во македонскиот народ отколку во било која партија

Јас повеќе имам доверба  во македонскиот народ, отколку во 61  пратеник од било која политичка партија. Затоа што пратеници можат да бида изманипулирани, но народот не може да биде изманипулиран, така што народот е тој кој што најубаво знае и е многу по паметен од било кој политичар и јас никогаш не сум го потценувал, нема ни да го потценам ни сега, имам силна верба и затоа мислам дека на луѓето треба да им се даде шанса, инаку како што стојат сега работите мислам дека нема ни да дојде до решение, рече  потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во своето вчерашно гостување во емисијата во Центар кај Васко Ефтов, запрашан дали референдумот може да биде наместен и да служи како изигрување за народот.

Во врска со протестите за името кои се одржаа на 27 феврураи и на 4 март Николоски вели дека револтот на народот е оправдан, затоа што целиот процес се држи во комплетна тајност, никој нема информации што се случува.

Тој уште еднаш го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ во  врска со името, кој како што кажа Николоски е непроменет од 2005 година до денес.

– ВМРО-ДПМНЕ е против било кое решение, што ќе значи промена на Уставот, со цел промена на уставното име на Република Македонија. Тоа значи дека нема да дозволиме решение што ќе значи промена на Уставот, со цел промена на уставното име, нема да дозволиме решение кое што на било кој начин ќе допира во македонскиот национален идентитет, јазик, култура, националност и именување на народ и секое решение кое што би се нашло во овие разговори кој што ги водиме со Грција од 1995 година до денес, да оди на референдум и за него да се изјаснат граѓаните, а не за него да се изјасни Влада или Собрание. Зошто ова  е прашање кое надминува било која Влада или било кое Собрание

Ова е ист став на ВМРО-ДПМНЕ, вели тој, од 2005  година кога бил формулиран до денес.

Коронавирус