недела, 21. јули 2019. Вести денес: 63
home Вести

Николоски: Јас лани кажав ако нема реформи, Македонија во јуни оваа година нема да добие датум за почеток на преговори

Николоски: Јас лани кажав ако нема реформи, Македонија во јуни оваа година нема да добие датум за почеток на преговори

Алeксандар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, е гостин во емисијата Топ Тема на Телма. Каде главна тема е недобивањето датум за почеток на преговори за влез на Македонија во ЕУ, одлука која денес ја соопшти еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

-Јас лани во април кажав дека ако не се спроведат реформите, а не се спроведоа дека нема да има датум. Иако се реши проблемот за името, а тогаш уште не беше решено. За жал тие мои предвидувања од лани се реализираа, викам за жал зошто и јас сакам државата да добие датум за почеток на преговори.Некаде во ноември лани после изгласувањето на прва фаза од уставни измени во Собранието, кога имаше еуфорија дека еве тргнале работите, повторно кажав ако не се реализираат реформите и следната година тоа е оваа година во јуни Македонија нема да добие датум за почеток на преговори и за тоа што го кажав бев напаѓан и навредуван, еве го дојде јуни, Македонија повторно нема датум за почеток на преговори, потенцира Николоски.