среда, 30. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Николоски ја отвори тезата која ја интересира цела јавност: Ако нема писмена трага, значи дека Заев не пријавил рекет!

Николоски ја отвори тезата која ја интересира цела јавност: Ако нема писмена трага, значи дека Заев не пријавил рекет!

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето на телевизија АлсатМ на емисијата „360 Степени“, јавно го постави прашањето кое ја интересира цела јавност, а тоа е: „Дали навистина Заев го пријавил случајот Рекет“?

-Тоа што јас го кажав во текот на месец август е дека според нашите информации не се работи само за еднен бизнисмен, кажав дека се работи, односно дека се изрекетирани повеќе бизнисмени, а сумата е околу 20 милиони евра и немаше реакција од СДСМ. И на крај на месецот на 28 август кажав бидејќи дваесеттина дена не ме демантираат значи дека е точно. Замислете ако ние како политичари ги решаваме несогласувањата на суд што ќе биде. Замислете премиер да го даде на суд вториот човек во опозицијата, рече Николоски.

Според него, премиерот Зоран Заев го тужи од две причини, прво, изгубил фокус и второ, како што рече Николоски, му рекла некоја екипа околу него „шефе уживај, ќе го тужиме и ќе го добиеме на суд“.

Николоски рече дека јавно е познато колку пари му би побарани на Јордан Камчев, Силјан Мицевски, од струшките бизнисмени. Ова се однесува само на Рекет

-Мислам сумата дека ќе е повисока и од 20 милиони евра. Тоа покажува каде отиде корупцијата управувана од врвот на власта. Рекет го сруши политички, а ќе го сруши Заев и право, бидејќи се води кон него, рече Николоски.

Тој укажа дека има и клучно неодговорено прашање во јавноста.

-Неодговорено прашање во јавноста е дали тој навистина пријавил рекет. Тој гради наратив дека тој го пријавил. Ако пријавил добро е да ја видиме пријавата. Ако нема писмена трага, значи не пријавил. Ако пријавил треба да има копија од пријавата. Мислам дека тоа е невешт маркетинг од луѓето околу него и мислам дека истите му велат да поднесува пријави и против мене, рече Николоски.

Јавноста одамна коментира дали воопшто рекетот е пријавен и на кој начин. Документ од пријавата нема никаде, а тоа би било доказ дека кога Заев ги добил информациите за рекетирањето, истото го пријавил.

Ако таков документ нема, останува отворено прашањето на што се темели истрагата која Рускоска ја започна.

Коронавирус