среда, 21. ноември 2018. Вести денес: 91
home Вести

Николоски: Имаме договор кој значи вечно блокирање на влезот на Македонија во ЕУ

Николоски: Имаме договор кој значи вечно блокирање на влезот на Македонија во ЕУ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во своето гостување во телевизија Алсат во емисијата 360 потенцираше дека членот 8 од како што вели капитулантскиот договор ќе значи механизам за Грција за вечно блокирање на членството на Македонија во ЕУ. Тој ја спомена ресорска комисија на експерти од двете влади, која што ќе треба да направи ревизија на историјата и археологијата. Според него токму поради оваа комисија, секој пат кога некој македонски научник ќе напише нешто што на Грците нема да им се вклопува во нивната мегали идеа, Македонија нема да може да отвори ново поглавје од преговорите со ЕУ.

-Треба да се направи меѓу ресорска комисија на експерти од двете влади, која што треба да направи ревизија на учебниците, на учебните помагала, на научните книги, на работите кои што се однесуваат на историјата и археологијата и два пати годишно да дава извештаи. Но да преведам што ќе значи ова. Ова ќе е механизмот за блокирање на нашето членство во ЕУ. Затоа што секогаш кога некој наш научник ќе извади работа која што на Грците не им се вклопува во нивната мегали идеа тоа ќе значи блок на отворањето на следното поглавје. Значи немаме договор кој обезбедува членство во ЕУ, туку имаме договор кој што значи вечно блокирање на членството во ЕУ.