петок, 13. декември 2019. Вести денес: 131
home Вести

Николоски: ХДЗ е традиционален партнер на ВМРО-ДПМНЕ

Николоски: ХДЗ е традиционален партнер на ВМРО-ДПМНЕ

Во дневникот на Алфа ТВ изјава имаше Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој посочи дека ХДЗ е повеќедецениски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, и нема поблизок партнер на ВМРО-ДПМНЕ од ХДЗ.

Господинот Пленковиќ е наш драг пријател уште од времето пред да биде претседател на Хрватската Демократска Заедница, и секако сега како претседател на ХДЗ и премиер на Хрватска. ХДЗ е традиционален партнер на ВМРО-ДПМНЕ и практично ние на Балканот немаме поблизок партнер од ХДЗ тоа е цврста повеќе децениска релација помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ, истакна Николоски.

Николоски додаде дека Хрватска отпочнува со претседавање и во тек на тоа претседавање ќе се изборите во Македонија и се надева промената на власта. И заеднички ова утро делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ има разговарано со г. Пленковиќ за што е она што може да го направи ВМРО-ДПМНЕ, со цел да не се изгуби и 2020 година.

Во таа насока се зацртуваат две работи кои што ние сме ги потенцирале, првата е силни реформи дома пред се владеење на правото и борба со корупцијата, кои што за жал не ги гледаме од оваа Влада на Заев. Напротив гледаме раширена корупција на сите нивоа на државата и немање правичен систем владеење на правото. И второто секако е одвојување од Албанија практично онаа стратешка грешка која што ја направи Зоран Заев во договорот помеѓу неговата влада и владата на Еди Рама, некаде во април месец, минатата година. И заради која што Македонија изгуби две години. Да конечно заврши односно Македонија да се одвои Албанија и да излезе од тој несреќен пакет во која што ја стави Зоран Заев, нагласи Николоски.

Николоски посочи дека комбинација на овие две работи секако и следење на состојбите внатре во ЕУ заради кои што ги има внатре, може да не во до успешна 2020 година.