среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Вести

Николоски: Грција сака да ја види Шекеринска како преговарач затоа што е пофлексибилна за името

Николоски: Грција сака да ја види Шекеринска како преговарач затоа што е пофлексибилна за името

Во однос на преговарачите гледаме во последно време по медиуми како во владата има одредени несогласувања со министерот за надворешни работи, а дел извори говорат дека би сакала грчката страна да ја види Радмила Шекеринска како преговарач отколку Никола Димитров заради поголема флексибилност,  изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашната емисија „Акцент“ на МТВ.

Тој потенцираше дека загрижувачко нивото на оптимизам кое премиерот Зоран Заев го прави во однос на преговорите за името кое на почетокот ако беше сојузник, сега веќе станува е противник на едни  сериозни разговори за името на државата.

– Знаеме дека постои една делумно прифатена теза во јавноста дека Зоран Заев обидувајќи се да добие одредени поддршки за да дојде на власт се нафатил на одредени работи, а времето ќе покаже дали е тоа вистина или не, вели Николоски.

Во врска со промени на Уставот со цел промена на името  на државата Николоски вели дека иако Грција тоа го бара тој  не верува дека постои сериозен политичар во Република Македонија кој што е спремен да го отвори Уставот со цел да го смени името на оваа држава во рамки на оваа држава.

– Слушаме дека Грците инсистираат на таа работа но работа на умешност е сега на нашиот министер за надворешни работи кој реши да ја протурка работата и ги презеде лично преговорите, да се спротивстави на таа работа. Грчкиот министер ја брани позицијата на Грција, а македонскиот министер треба да ја брани позицијата на Република Македонија.

За позициите на ВМРО-ДПМНЕ тој истакна дека тие се јасни и непроменети и ВМРО-ДПМНЕ не се согласува промена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија.

– Сметаме дека Република Македонија треба да стане членка и на НАТО и на Европската Унија. Во та насока мора да се разговара со Грција и да се изнајде решение, но тоа решение не смее да значи промена на Уставот со цел промена на уставното име, не смее на ниеден начин да го загрозува македонскиот национален идентитет, именувањето на македонскиот народ, јазик и култура и секое решение треба да оди на референдум, нагласи Николоски.