вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 65
home Вести

Николоски: Граѓаните додека за еден обичен документ чекаат месец дена, Дака го добива од власта за седум дена

Николоски: Граѓаните додека за еден обичен документ чекаат месец дена, Дака го добива од власта за седум дена

Денес потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски гостуваше во утринските вести на телевизија Алфа. При своето гостување посочи дека случајот со „Шик Јелак“ се работи за мега скандал од невидени размери за кој мора да има и одговорност.

„Се работи за мега – скандал, само еден ден после формирањето на Владата, првата работа која што ја направи старо – новата коалиција на лагата и криминалот на СДСМ/ДУИ беше изгласување во Општина Тетово на ДУП, кој што на инвеститорот ќе му донесе профит од неверојатни, фантастични, незамисливи за било кој граѓанин 200 милиони евра. Веројатно луѓе 100 животи да живеат не можат да ги заработат тие пари“, истакна Николоски.

Николоски додаде дека прв ден по формирање на владата, прва нивна одлука е за Општина Тетово изгласување на ДУП.

„Што е спорно таму? Првата работа која што е спорна е пред изборите, слушнавме разговори кои што се објавија во јавноста во кои што контроверзниот црногорски бизнисмен Дака Давидовиќ кажува дека дал 300.000 евра мито и дека е спремен да даде уште 2.000 квадрати и дополнителни два милиони евра мито доколку му се заврши работата. Тоа е првата спорна работа, гледаме дека митото си дало плод“, рече Николоски.

Николоски посочи дека втора работа која што е спорна е што одлуката во Министерството  за транспорт и врски  без чија дозвола не може да се изгласа ниту еден ДУП во било која Општина, е издадено за само седум дена. А, граѓанин за обичен документ чека по месец дена најмалку. А, ДУП кој што предвидува 2.000 нови згради со 8.000 нови жители кои што ќе создадат урбана џунгла во Тетово и ќе го уништат целосно градот е издаден за само седум дена.

„И третата исклучително спорна работа е на кого власта на СДСМ/ДУИ, оваа коалиција на лагата дава вакви мулти – милионски бизниси. Дава на главниот играч на регионот, кој што е против мирот и  стабилноста во регионот. Против стратешката ориентација на регионот за евро атлантска ориентација, против членството на сите овие земји во регионот во НАТО и ЕУ. Значи на човек кој што се бори против стабилноста, против евро атлантската интеграција на регионот, власта на Ахмети и Заев дава 200 милиони евра бизнис. И легитимно прашање е кое што еве до денес не добиваме одговор скоро недела дена и од Заев и од Ахмети – Како на човек кој што се бори против стабилноста во регионот, против благосостојбата, против соработката, против евро атлантските интеграции дале толкав бизнис? И дали се свесни дека средствата кои ќе ги добие од тој бизнис, ќе ги користи кон  нарушување на стабилноста на регионот“, праша Николоски.

Коронавирус