сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 53
home Вести

Николоски ги повикува граѓаните масовно да излезат во вториот круг и да гласаат за пад на владата на Зоран Заев

Николоски ги повикува граѓаните масовно да излезат во вториот круг и да гласаат за пад на владата на Зоран Заев

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во „Што не е јасно“ во Алфа телевизија ги повика сите граѓани во Македонија масовно да излезат во вториот круг од локалните избори затоа што тоа е клучно за падот на владата на Зоран Заев.

-Продолжуваме веднаш со работа, ќе продолжиме и после 31-ви октомври, тоа е стилот на работа на ВМРО-ДПМНЕ, ги замолувам и повикувам граѓаните масовно да излезат, затоа што масовноста во вториот круг е клучна за да падне владата на Зоран Заев, рече Николоски.

Николоски им порача на граѓаните да излезат во вториот круг, да гласаат и да не подлегнуваат на притисоците, заканите и поткупот од страна на власта, затоа што ново парламентарно мнозинство ќе има набргу, а владата на Заев е во распад.

Коронавирус