сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Филозофијата на Заев е да владее со поткуп, но Македонија не е серија од Нетфликс, тука има едуциран народ кој нема тоа да го дозволи

Николоски: Филозофијата на Заев е да владее со поткуп, но Македонија не е серија од Нетфликс, тука има едуциран народ кој нема тоа да го дозволи

Филозофијата на Зоран Заев е да украде во тек на четири години 100 милиони евра од народот, и после преку поткуп да врати 10 милиони евра назад кај народот, а тоа се во суштина пари на народот, затоа што од нив ги краде, за да на тој начин да владее, мислам дека многу гледа Нетфликс и популарни серии како Наркос и Ел Чапо и слични, но Македонија не е ни Колумбија ни Мексико,е дел од Европа тука има стари цивилизации и живее едуциран народ не само со формално образование туку и во смисла на животно и генерациско искуство, и не може туку така да си игра со луѓето, и не може да мисли дека со поткуп ќе ги реши работите, рече Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во Алфа телевизија во гостувањето во „Што не е јасно “.

Николоски вели дека најголема шлаканица му се случија на Заев за она кое го виде јавноста во Прилеп, каде што на сила носеа луѓе да гласаат и тие луѓе кои ги однесоа гласаа за ВМРО-ДПМНЕ, на тоа избирачко место каде СДСМ на сила носеше луѓе изгубија со 27:0.

-Бројни индиции изнесовме за криминалите на власта, Петре Шилегов на пример во 2020 година, организирал тендери за булевари во коишто се појавува една фирма само и на кој што цените биле од три до четири пати поскапи отколку пред две години кога истата фирма го добила тендерот, а граѓаните плаќаа и наместо еден булевар можеше да бидат изградени четири булевари, критикуваше Николоски.

Во однос на изборниот ден Николоски посочи дека требаше Заев да излезе и да му честита на ВМРО-ДПМНЕ, но тој излегол на прес конференција во 1:30 утрото кога луѓето спијат, збунет и без доблест за одговорност и признавање на пораз.

Коронавирус