сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 35
Во живо

ВО ЖИВО: ПРОТЕСТ ЗА ПОЛИКЛИНИКА ВО БУТЕЛ!

home Вести

Николоски: Факт е дека Заев не го пријавил Рекет, како што е факт дека цел врв на СДСМ бил во тесна релација и координација со Боки 13

Николоски: Факт е дека Заев не го пријавил Рекет, како што е факт дека цел врв на СДСМ бил во тесна релација и координација со Боки 13

После недела дена јавен притисок Зоран Заев само го потврди тоа што јас цело време го тврдам – пријава за Рекет од страна на Зоран Заев нема, порачува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Да имаше Заев ќе ја покажеше белешката од пријавата! Нагласувам, согласно Законот за кривична постапка член 274 став 3 кој вели дека доколку пријавата се поднесува усно за истата се составува записник, а доколку е телефонски се составува службена белешка, мора да има записник или службена белешка од пријавата, истата треба да е потпишана од Заев како пријавител и надлежен обвинител. Од истата Заев како пријавител би требало да добие копија. Може ли да ја видиме пријавата ? Очигледно не може зашто ја нема. Разговор со обвинител на улица или во нечиј кабинет не е пријава. Се знае како се пријавува и се знае како е процедурата јасно согласно Законот за кривична постапка. Се распрснува уште еден меур на лаги, исто како што денес се распрсна тоа дека Боки 13 нема ништо со СДСМ. Имал и тоа многу ете дома му биле на гости цело раковоство на СДСМ од Шекеринска, преку Филипче, до Градоначалникот на Карпош и многу останати. Факт е дека Заев не го пријавил Рекет, како што е факт дека цел врв на СДСМ бил во тесна релација и координација со Боки 13, порачува Николоски.

Потсетуваме, по скоро една недела од директното прашање адресирано лично до него, премиерот на заминување Зоран Заев, конечно се „сети“ и на својот Фејсбук-профил попладнво соопшти дека случајот „Рекет“ го пријавил на 22 април 2019 година.

-Денес добив прашање од медиумите за точниот датум кога сум го пријавил случајот „Рекет“. Проверив и ја известувам јавноста дека случајот „Рекет“ го пријавив на 22 април 2019 година, напиша Заев.

Претпладнето, под притиок на јавноста, медиумите и опозицијата која со денови го прозива, Заев најави, дека точниот датум на состанокот ќе го проверел во својата агенда и ќе го соопштел до крајот на денов.

Коронавирус