понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Ерга омнес прв пат е прифатена сега, претходно никој не сакал ниту да ја преговара

Николоски: Ерга омнес прв пат е прифатена сега, претходно никој не сакал ниту да ја преговара

Факт е дека ерга омнес позиција прв пат е прифатена сега, никој претходно не сакал ниту да ја преговара. Тоа е меѓу другото затоа што владата беше поставена како што беше поставена да од едната страна влезе преговарачки тим од 60 меѓународни експерти ангажирани да работата на прашањето, кај нас да влезе само тим на министерството за надворешни работи па после тоа да министерот за надворешни се обиде да најде и наоѓа еден кој што ќе помага, 60 на еден не можат да добијат битка, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во денешното негово гостување во емисијата Отворено на 1ТВ коментирајќи ги преговарачките позиции за договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција.

Николоски смета дека доколку со чесна работа и посветен, поправање на состојбите дома и градење на вистинско пријателство надвор од границите на државата, може да се издејствува подобар резултат без промена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија.

-Факт е дека со чесна работа, посветеност, поправање на состојбите дома и градење на пријатели надвор, но не пријатели кои ќе ви помогнат да добиете уште едни избори, туку кој што ќе ви помогнат да имате подобри позиции во однос на Грција мислам дека може да се избоксува подобар резултат на Македонија кој што нема да значи промена на Уставот со цел промена на уставното име, нем,а да значи вечно блокирање на евроатланските процеси, нема да значи ограничување на македонскиот јазик и македонскиот народ само на територија на денешна Република Македонија и нема да значи ова понижување кое што го имаме денеска, нагласи Николоски.

Коронавирус