вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 69
home Вести

Николоски ексклузивно открива: На првата лидерска средба Заев и Димитров ветиле дека нема да има промена на Уставот и нема да се разговара за идентитетските прашања

Николоски ексклузивно открива: На првата лидерска средба Заев и Димитров ветиле дека нема да има промена на Уставот и нема да се разговара за идентитетските прашања

Во вечерашната емисија на телевизија Алфа со Горан Момировски, гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој изнесе неколку ексклузивни информации за договорот за промена на името на Македонија.

Николовски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ во текот на целите преговори било држено настрана со смешно образложение дека не можела владата паралелно да преговара на два фронта и со ВМРО-ДПМНЕ и со Грција, иако ниеден договор со Грција не може да помине во Собранието без општ консензус.

Николоски го потенцираше фактот дека опозицијата била информирана само на две средби. Имено тој вели дека на првата средба Заев и Димитров изјавиле дека нивните позиции се дека нема да се разговара за индентитетските прашања и промена на Уставот што не е случај во договорот. Николоски додаде дека постојат официјални записници кои сега се класифицирани каде Димитров и Заев ветуваат дека нема да има промена на уставот.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ забележа дека можело да се случи воопшто да нема стенографски белешки, бидејќи владата одбила да на направи записник од средбата.

-Владата не водеше стенографски белешки како што е ред. За среќа, претседателот на државата водеше стенографски белешки инаку можеше да се случи една од најбитните средби во историјата на Македонија да не биде забележана, вели тој.

На втората лидерска средба Заев триумфалистички им го кажал предлогот Илиденска Македонија и најавил промена на уставот, а опозициските претставници го потсетиле на претходната лидерска средба каде ветил дека нема да има промена на Уставот.

Во тој момент ВМРО-ДПМНЕ јасно му дала до знаење на Заев дека се против промена на Уставот. Епилогот од сето тоа, според Николоски, била благодарницата од грчка страна, за прифаќањето на промена на Уставот од страна на Заев, што потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ го окаректеризира како национална катастрофа.