четврток, 20. јуни 2019. Вести денес: 87
home Вести

Николоски: ДУИ за да ги покрие своите слабости со години го портретира ВМРО-ДПМНЕ како непријател на Албанците

Николоски: ДУИ за да ги покрие своите слабости со години го портретира ВМРО-ДПМНЕ како непријател на Албанците

Тука не смее да се потцени ни улогата на ДУИ која години наназад го портретира ВМРО-ДПМНЕ како непријател на Албанците во Македонија. Тоа е далеку од вистината. Но ДУИ тоа го прави со цел да ги покрие своите слабости. Неисполнетите ветувања кон оние кои гласаат за нив, корупцијата во своите редови, одбивањето да се направи реформа во партијата, многуте грешки секогаш ги оправдуваат со ВМРО-ДПМНЕ преставувајќи ја како противник на албанскиот народ, како и на интеграциите на Македонија во НАТО и ЕУ. Секако, тоа е целосно неточно. Тоа се правеше масовно и во оваа кампања. Да е парадоксот најголем, тоа го правеа луѓе кои се сè само не синоним за чесни политичари кои негуваат позападни вредности. Впрочем, ДУИ е полоша дури и од СДСМ. Ако во ВМРО-ДПМНЕ се сменија три генерации на политичари, ако во СДСМ две, во ДУИ политичарите се вечни, ова го пишува Александар Николоски во својата најнова колумна.

Морам тука да признаам дека е и наша грешка тоа што во изминативе година и неколку месеци како ново раководство не посветивме повеќе време и енергија да се преставиме пред албанскиот електорат кој сме и што сме. Но времето е пред нас и таа грешка ќе ја исправиме.

Целата колумна можете да ја прочитате ТУКА.