среда, 28. септември 2022. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Достоинствено решение за името за кое ќе одлучуваат граѓаните на Македонија!

Тој смета дека Законот за јазици не ја одразува реалноста во Македонија, бидејќи Албанците не се во процент еднаков на Македонците, така што инсистирање на вакви закони сериозно влијае на довербата помеѓу етничките заедниците. ВМРО-ДПМНЕ треба да гради партнерство со албанскиот народ на фер односи, каде што својата работа, својата битка ќе ја насочи за една економски попросперитетна Македонија за сите кои живеат во државата.
Николоски: Достоинствено решение за името за кое ќе одлучуваат граѓаните на Македонија!

Заради реалноста, спорот за името мора да се реши и тоа час поскоро, за Македонија да продолжи со градењето на силно партнерство со Р. Грција како и со останатите соседи. Но, начинот на кој ќе се реши ова прашање мора да биде достоинствен, бидејќи се спротивно од тоа ќе создаде фрустрации што ќе го направат решението неодржливо, проблематизирано и тоа ќе создаде дополнителни проблеми што ќе доаѓаат во ланец понатака во годините кои што ќе следат. ВМРО-ДПМНЕ нема никакви информации за овој проблем, затоа неможеме да дадеме хипотетички став. Референдум мора да има. Неможе ниеден политичар да го земе гласот на народот, изјави гостинот на денешната емисија Алфаскоп на Алфа ТВ, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Тој смета дека од суштинско значење за државата е да ја задржи рамката во Обединетите нации, бидејќи тоа е единствената рамка каде што Македонија е на рамноправни основи и излегување од таа рамка би било само на наша штета.

-Излегувањето од таа рамка значи дека теоретски е возможно да се прошири и опсегот на разговори и методологијата на решение евентуално до кое би се стигнало, дециден е Николоски.

Според Николоски, ВМРО-ДПМНЕ треба да гради партнерство со Албанците во Македонија, а не со албанските политички партии. Со албанските партии, вели,  треба да се има еден фер однос кој што го имале ВМРО-ДПМНЕ во минатото.

-Она што мислам дека е за забележување е тоа што албанските политички партии немајќи повеќе што да понудат на своите граѓани, секогаш кога ќе дојдат во криза одат со радикални етнички чекори. Политичката партија ДУИ пред последните избори имаше 20 пратеници, потоа падна на 10 што е сериозен пад од 50 проценти. Сакајќи повторно да ја врати довербата кај електоратот, ДУИ отиде со еден радикален чекор и ги повлече и другите партии на албанците во Македонија. Голем прашалник колку беше искрен чекорот и колку беа искрени намерите да се подобри животот на граѓаните во државата, вели Николоски.

Тој смета дека Законот за јазици не ја одразува реалноста во Македонија, бидејќи Албанците не се во процент еднаков на Македонците, така што инсистирање на вакви закони сериозно влијае на довербата помеѓу етничките заедниците. ВМРО-ДПМНЕ треба да гради партнерство со албанскиот народ на фер односи, каде што својата работа, својата битка ќе ја насочи за една економски попросперитетна Македонија за сите кои живеат во државата.

За новиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски рече дека тоа е еден добар тим кој што е е комбинација на искусни кадри кои што се долго време во партијата на одговорни позиции и многу нови лица кои можеби се непознати за политичката јавност но се многу познати по своите професионални ангажмани и се активни во партиските структури. Според него, поважно од тимот се концептите зад кои ќе застане тимот и тука е клучот на политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус