петок, 20. септември 2019. Вести денес: 118
home Вести

Николоски: Договорот Заев-Рама за Македонија и Албанија да бидат во иста група ја влече државата назад во евроинтеграциите

Николоски: Договорот Заев-Рама за Македонија и Албанија да бидат во иста група ја влече државата назад во евроинтеграциите

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, се наоѓа во Стразбур на сесијата на ПС на Совет на Европа.

По средбите кои ги оствари таму тој  порача дека Договорот Заев-Рама за Македонија и Албанија да бидат во иста група ја влече државата назад во евроинтеграциите.

Николоски оствари средба со Жезеф Дол и со многубројни пратеници од евроспките земји.

-За жал, заеднички е впечатокот дека Македонија втора година по ред не добива датум за почеток на преговори за членство во Европската Унија затоа што владата на заев не спроведува реформи. Не спроведува реформи во борбата против корупцијата, не ја подобрува економијата и не воспоставува функционален систем на владеење на правото. Економијата тоне, корупцијата цвета и нема воспоставен систем на владеење на правото, рече тој.

Николоски изјави дека најголем дел од соговорниците се изненадени од десподскиот однос на Заев кој покрај премиер, реши да биде и министер за финансии. Оцени дека ова е пример кој не е виден во било која европска демократија.

-Неподелен е впечатокот помеѓу сите оние со кои што разговарав дека најголемата стратешка грешка Владата на Заев ја направи договарајќи се со Еди Рама Македонија и Албанија да влезат во иста група. Затоа што Албанија ја влече Македонија назад. Со сиот неред кој се случува во Албанија и нефункционалноста на институциите таму, сериозно ја влече Македонија назад и ги уништува европските перспективи на македонските граѓани. Групата со Албанија е најголемото зло и најголемиот проблем што може да се случи на европската интеграција на Македонија, посочи тој.

Николоски силно апелирал и ги замолил сите оние со кои деновиве оствари средби, да разговараат со своите министри за надворешни работи, со премиерите и да побараат одвојување на Македонија и Албанија со цел Македонија да може да чекори напред.

-Тоа е единиот пат кој треба да го изоди Македонија, а вториот се внатрешните реформи. За нив, за жал, не гледаме капацитет во Владата на Заев и се надевам на брза промена на власта и нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе може да ги заврши овие реформи. Повторувам, клучно е раздвојувањето на Македонија и Албанија во интеграцијата кон Европската Унија затоа што групата со Албанија направена во Договор помеѓу Заев и Еди Рама, ја влече Македонија назад. Коленичењето на Заев пред Еди Рама мора да престане затоа што тоа коленичење ја влече Македонија назад, порача Николоски од Стразбур.