сабота, 12. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Додека земјите од регионот МАСОВНО се вакцинираат, најодговорните за корона кризата во Македонија земаат ПРОВИЗИИ за набавка на вакцини

Николоски: Додека земјите од регионот МАСОВНО се вакцинираат, најодговорните за корона кризата во Македонија земаат ПРОВИЗИИ за набавка на вакцини

Додека земјите од регионот МАСОВНО се вакцинираат, најодговорните за корона кризата во Македонија земаат ПРОВИЗИИ за набавка на вакцини, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Алчноста и нивните коруптивни намери чинат 5000 човечки животи. Бројот на смртни случаи во Македонија веќе е над 5000, стапката на смртност е највисока во регионот, додека бројот на вакцинирани е најнизок, пишува Николоски на Фејсбук и додава:

„Според документите кои ги објави денес ВМРО-ДПМНЕ на ФАНТОМСКАТА фирма од Хонг-Конг владата исплатила 7.8 МИЛИОНИ ЕВРА. За оваа АФЕРА пишуваше италијанскиот весник Ла Верита, а денеска во јавност излегоа и ДОКУМЕНТИ на кои јасно се гледа дека парите се исплатени на фантом фирмата Стабри. На оваа фантом фирма која има само 3 вработени се исплатени 7.8 милиони евра, ова е огромен доказ за КРИМИНАЛ, криминал кој чини човечки животи.
За овај скандал мора да има ОСТАВКИ, но и КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ!“.

ЕУРО 2020

Македонија