петок, 14. август 2020. Вести денес: 8
home Вести

Николоски до Заев: Не го лажи народот, доста е, датум за почеток на преговори со Европската унија нема

Николоски до Заев: Не го лажи народот, доста е, датум за почеток на преговори со Европската унија нема

Три години устата им е полна со Европска унија па ги повикувам тука да дојдат во Криволак да видат колку Криволак е далеку од Европската Унија да го видат овој двор тука ова училиште, неисчистените контењери, да видат каде е Европска унија, а каде е Криволак. И не е само тука така, цела Македонија е исто. Ти години лажат, три година манипулираат дека сме добиле некаков датум за почеток ан преговорите со Европската унија, ама датумот никој не го знае затоа што едноставно го нема. Денес пак лажат дека имало датум, ама датумот не го кажуваат, вели носителот на листа на изборна единица 4 и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на средба со жителите на село Криволак.

-Прв пат лажеа 2018, потоа излажаа летото 2019 година, 2018 Зоран Заев излезе на говорница во собрание и велеше добивме датум, па се сликаа во луксузниот владин авион и велеа го добивме датумот, па испадна дека датум нема. Па летото 2019 година рекоа сега сигурно готово е го добиваме датумот, па дојде октомври 2019 година и велеа готово сигурно е го добивме датумот, па помина датум нема. Па дојде март 2020 година е сега готово жими мајка сега доаѓа датумот. Но, помина март датум нема. И сега ни срам ни перде сабајле се наредиле пред влада застанале не знам како не им е срам од прв до последен велат датум добиле, а датумот никој не го знае. Јас бев на една ТВ дебата со Радмила Шекеринска пред почетокот на кампањата, пола емисија ја прашувам да каже кој е датумот, на кој датум Македонија ќе започне преговори. Таа пола емисија бегаше од одговор, знаете ли зошто? Затоа што таква работа нема. Затоа што тоа е најголемата лага на Зоран Заев, Радмила Шекеринска и сите останати. Тоа е тажната вистина за Македонија и затоа од тука од Криволак му порачувам на Зоран Заев, престани да лажеш, доста е, греота е народот, не го лажи веќе, упати порака Николоски.

Николоски додаде дека секоја година се повеќе млади луѓе размислуваат како да си одат од Македонија, додавајќи дека според статистиките дури 35,6 проценти или секој 3 човек во превод е без работа.

Николоски вети дека проектот Обнова на Македонија нуди низа на проекти и мерки за младите за да ја градат својата иднина во Македонија.

За жал години наназад бела чума владее во Македонија, секоја година се повеќе млади размислуваат како да си одат да фатат по белиот свет, по Швајцарија, по Германија. Тоа е тажната вистина. Ќе се бориме, ќе работиме да го поправиме тоа.

-Неколку работи се клучни, прво секој што ќе вработи млад човек до 29 години нема да плаќа никакви давачки на платата, затоа што сега на пример ако некој вработил млад човек и му даде 23.00 денари плата уште 10.000 денари и плаќа на државата за пензиско инвалидско, социјално, здравствено осигурување. Ние планираме тоа да го укиниме да не се даваат тие давачки, да се договориме со работодавачите барем пола од тоа да одат кај младите да имаат повисоки плати, а со останатите пола да се отвораат нови работни места за младите да останат тука, вели Николоски

Според последните статистики 35,6 проценти или да преведам секој 3 млад човек е без работа. Тоа е тажната вистина на власта на Зоран Заев. Секој трет млад човек дома, тоа е тажната вистина, рече Николоски.

Николоски рече дека нудат мерки за наоѓање на работни мерки на средношколците кои што нема да го продолжат своето школување понатаму.

-Се обврзуваме во соработка со компаниите да понудиме младите во средно школо да можат дополнително да заработат за да си заработат за џепарлак. Да понудиме на компаниите олеснувања доколку вработат млади луѓе после завршување на средното образование, они кои што не планираат да се запишат на факултет веднаш да можат да најдат работа. Како што планираме стипендии за дообука пред се во информатиката и ИТ индустријата која што е иднина на светот за да можат што повеќе млади да си го најдат лебот и иднината тука, затоа што со ИТ индустријата можете да отворите компјутери во Криволак и да работите за Америка. Тоа се работите кои што ќе ги поддржуваме за младите луѓе за да останат тука во Македонија и да се гледаме меѓу себе и да ја растеме државата, да ја растеме иднината на државата, и да ја јакнеме македонштината, вели Николоски.

Зголемување на просечната плата, за достоинствени пензии, за горди земјоделци тоа е нашата цел и тоа ќе го направиме. Ако ме праша од каде пари, јас ќе одговорам директно, овие крадат затоа нема, ние ќе работиме чесно и ќе има, порача Николоски.

Коронавирус