петок, 4. декември 2020. Вести денес: 166
home Вести

Николоски: Дипломатите не беа правилно информирани за процесите во државата

Николоски: Дипломатите не беа правилно информирани за процесите во државата

Во денешното гостување на централниот дневник на ТВ Канал 5 гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, тој посочи дека дипломатите од страна на власта не се правилно информирани за состојбите во државата, односно дека власта манипулира се со цел да се сокријат вистинските состојби во Македонија.

– Јас мислам дека не се работи за прашањето за конструктивност, се работи за прашањето односот на владата. Владата ја има таа предност секогаш со дипломатите прва да комуницира и најчесто кога ги даваат пораките дипломатите мислат дека тие се вистинити и точни. За жал овдека не беа правилно информирани дипломатите во однос на состојбите во државата. Кога дојдоа тука ги увидоа со разговорите кои што ги имавме и сега работата е јасна, појасни Николоски.

Николоски додаде дека не се работи тука дали некој е конструктивен или не е конструктивен. Туку Заев се обиде да докаже дека може сам да ги води политичките процеси во државата, но не може да ги води сам затоа што веќе со последните случаи со корупција е легитимиран. А, второ е дека процесите кои што се водат во Република Македонија доколку е потребна согласност од ВМРО-ДПМНЕ мора да се прифатат аргументите на истата партија.

-Основата на нивното однесување е да продолжат со политичкиот притисок врз опозицијата и со политичкиот прогон. А, основата на нашето однесување е да создадеме систем во кој што сите оние кои што направиле криминал ќе одговараат. И тоа е една крупна разлика. Затоа што оваа влада постои трета година, а ниеден функционер на влада за ништо не одговара. А, имаме секој ден скандали, нагласи Николоски.

Николоски посочи дека во моментот во државата нема систем кој што може да воведе одговорност на актуелни функционери.

Коронавирус