вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 186
home Вести

Николоски: Датумот за ЕУ беше само изговор на Заев и Димитров за нивната неспособност

Николоски: Датумот за ЕУ беше само изговор на Заев и Димитров за нивната неспособност

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Само интервју” на Канал 5 телевизија гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој се осврна на моменталната политичка ситуација во земјата, лошите владини политики, како и на криминалните афери кои власта ги креира на дневно ниво.

Николоски потенцираше дека во меѓународната политика доаѓаат некои можности, кои доколку не се искористат, тие не се враќаат назад. Според него Зоран Заев одиграл потези кои што не наликуваат на сериозна држава, односно е капитулантска.

Според Николоски, ветувањата на Заев беа дека доколку се промени уставното име и уште низа други работи, Македонија ќе влезе во ЕУ и НАТО, но сега гледаме дека тоа не било баш така.

“Зоран Заев лиферуваше со имиња одреден период пред да се донесе ова лошо решение со името. Тој се обиде да ја протне Илинденска Македонија и уште неколку други, се со една цел, да манипулира со јавноста дека датумот е веќе тука и тој е за многу скоро време. Откако виде дека тоа име не поминува кај граѓаните и дека наиде на реакции, тој на страна од политичките партии, донесе одлука за ова име кое сега државата го носи, но уште поголем пораз е тоа што датумот не постои”, вели Николоски.

ВМРО-ДПМНЕ неколку пати предупредуваше дека работите не се толку едноставни како што Зоран Заев мисли, иако тој мислеше дека датумот веќе му е во џебот и се сликаше во авионот заедно со уште неколку негови соработници. Таа празна флоскула за датумот траеше од 2019 година, па дури и порано од тоа, а сега сме веќе 2021 година. Зоран Заев имаше четири шанси да почне преговори и да го продолжи патот на Македонија кон ЕУ, но наместо тоа државата само стагнира и е далеку од ЕУ од било кога во минатото, заврши Николоски.

ЕУРО 2020

Македонија