петок, 11. јуни 2021. Вести денес: 136
home Вести

Николоски: Дали Заев реши да ја искористи промената на името за да биде ослободен од кривично гонење?

Николоски: Дали Заев реши да ја искористи промената на името за да биде ослободен од кривично гонење?

Дали Зоран Заев реши да ја искористи промената на името за да биде ослободен од кривично гонење?, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-За снимката „Евро за Вицето, евро за црквата“ имаше истрага и судски процес. Беше ослободен со преквалификација на делото, затоа што на друг начин НЕМОЖЕШЕ ДА БИДЕ ОСЛОБОДЕН.
– Преквалификацијата на делото се случува во првата половина на мај 2018 година
– На 19ти мај 2018 година Заев излегува и вели се договорив, ќе се промени името ќе биде Илинденска Македонија
– На 21ви мај ДОБИВА ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА
– Веќе на 25ти мај да каже во јавност кое ќе е новото име односно „Северна“ и истото да се потпише на 17ти јуни 2018, пишува тој на Фејсбук.

ЕУРО 2020

Македонија