среда, 30. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Дали пари од нелегални бизниси на Дака преку оф шор фирми во Панама влегуваат во Македонија?

Николоски: Дали пари од нелегални бизниси на Дака преку оф шор фирми во Панама влегуваат во Македонија?

Се работи за една огромна афера која што во континуитет ја објавувам последните недела дена, за жал досега не добивме релевантен одговор од ниту една надлежна институција. Имено, на само еден ден после формирањето на старо новата влада на СДСМ и ДУИ, мнозинството на СДСМ и ДУИ во советот на општина Тетово гласа детален Урбанистички план со кои што се предвидени 230 илјади метри квадратни корисна површина, односно некаде околу 2000 стана со 8.000 жители и Трговски центар поголем од Сити мол во Скопје, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во интервју за дневникот на Канал 5 телевизија.

Како што рече Николоски, целиот урбанистички план бил изгласан во нетранспарентна постапка од страна на советниците на СДСМ и ДУИ во општина Тетово.
Овој детален Урбанистички план е изгласан во една исклучително нетранспарентна постапка а тоа што е исто така зачудувачки е што Министерството за транспорт и врски дава одобрение за деталниот Урбанистички план во рок од само 7 дена. Значи за 7 дена по поднесувањето од општина тетово министерството дава одобрение, додека граѓанин за обичен документ чека по месец, два, тука за план кој што има 295 страни даваат одобрение за 7 дена, изјави Николоски.

Николоски потенцираше дека најспорниот дел бил тоа што сопственик на оваа фирма бил Миодраг Дака Давидивиќ, односно како што рече тој, Дака Давидовиќ во регионот е познат како човек кој се спротивставува на европските е евроатлански интеграции.

-Она што е најспорно за мене е кој е сопственик? А сопственик на ШИК Јелак на поранешниот тетовски гигант е контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ. Познат во регионот како човек кој се спротивставува на европските е евроатлански интеграции на регионот, кој што се спротивставува на мирот, благосостојбата, и соработката помеѓу државите и кој што води други политики различни од она што се клучни политики на овие држави од регионот. Тој бизнисмен кој што се бори против она што е консензус на сите клучни политички партии во Македонија, а тоа е членство во НАТО и ЕУ, власта на Заев и Али Ахмети дава бизнис од кој што потенцијално може да заработи неверојатни 200 милиони евра. Она што денеска дополнително го објавив на сета оваа работа е дека сопственикот е Јелак Градба чии што управител е Дака Давидовиќ, но сопственик на Јелак Градба е оф шор фирма регистрирана во Панама која што се вика Адастра груп Корп, која што е дел од даночен рај и оф шор дестинација во Панама. Само по себе поставува многу прашања, затоа што кога се користат оф шор компании првото прашање е кој капиал влегува преку тие оф шор компании, второто прашање е дали тој капитал е легален и трето дали тој капитал кој што ќе се заработи во Македонија каде ќе оди, истакна Николоски.
Николоски побара одговор од страна на Заев и Ахмети за овој скандал дали парите од нелегалните бизниси на Дака Давдовиќ влегуваат во Македонија се со цел да се оплоди ШИК Јелак.
Дали пари од нелегални бизниси на Дака Давидовиќ од Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина преку неговата фирма во Панама влегувале и влегуваат во Македонија со цел да се оплоди ШИК Јелак? Ова се прашања на кои Зоран Заев и Али Ахмети не дадоа одговор. Тие бегаат од одговор како што бега Теута Арифи, градоначалникот на Тетово, и како што бега и министерот за Транспорт и врски и поранешниот и сегашниот и целата СДСМ-ДУИ елита. Но, да ја потсетам јавноста дека за сето ова слушнавме нелегално снимени разговори пред изборите во кои што јасно беше посочено дека ова ќе се случи а за возврат требаше власта до добие 2.000 метри квадратни земјиште,300.000 евра исплатени и уште 2милиони дополнително. Тоа се прашањата кои што јас ги отворам , а кои за жал јавноста не добива одговор, порача Николоски.

Коронавирус