вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 153
home Вести

Николоски: Бујар Османи е вицепремиер за евро интеграции само на Албанците во Македонија или на сите?

Николоски: Бујар Османи е вицепремиер за евро интеграции само на Албанците во Македонија или на сите?

Пратеникот Александар Николоски на својот Фејсбук профил се прашува дали Бујар Османи е вицепремиер за евроинтеграции само на Албанците или на сите?

-По скандалот со бојкотот на Конференцијата посветена на Западен Балкан од страна на Бујар Османи се поставува сериозно прашањето кој и каква надворешна политика води? По скандалот со бојкотот на Конференцијата посветена на Западен Балкан од страна на Бујар Османи се поставува сериозно прашањето кој и каква надворешна политика води? Дека нема координација одамна е јасно, кадрите на СДСМ и ДУИ си тераат секој соло. Но, сега таа соло игра ја загрозува евроинтеграцијата на Македонија. Бујар Османи е вицепремиер за евро интеграции само на Албанците во Македонија или на сите? Дали ако Косово или Албанија не напредуваат кон ЕУ и не бидат канети на форуми каде Македонија е поканета, ние ќе престанеме да напредуваме или дали Македонија нема да прифати членство во ЕУ само затоа што таму членови нема да се Албанија и Косово? Не очекувам одговор од Османи, очекувам од Заев и СДСМ кој е спремен се да даде за власт! Толку ли му е слатка?, пишува Николоски.

Коронавирус