вторник, 19. јуни 2018. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Бидете со нас, верувајте ни и заедно ќе спречиме промена на Уставот со цел промена на името

Николоски: Бидете со нас, верувајте ни и заедно ќе спречиме промена на Уставот со цел промена на името

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, преку Фејсбук пост ги повикува граѓаните да застанат со неговата партија за заедно да ја спречат промената на Уставот со цел промена на името.

-Следува период на предизвици за Македонија. Историски! Бидете со нас, верувајте ни и заедно ќе спречиме промена на Уставот со цел промена на името. Македонија е, Македонија била и ќе остане!, напиша Николоски.