петок, 27. мај 2022. Вести денес: 124
home Вести

Николоски: Ако Бугарите бараат да влезат во македонскиот Устав, тогаш мора и Македонците да влезат во бугарскиот Устав

Николоски: Ако Бугарите бараат да влезат во македонскиот Устав, тогаш мора и Македонците да влезат во бугарскиот Устав

Доколку се бара да Бугарите влезат во македонскиот Устав, во преамбулата во случајот, тогаш мора и Македонците да влезат во бугарскиот Устав. Како што се Македонците дел на пример од српскиот, хрватскиот Устав, зошто да не бидат дел и од бугарскиот Устав. Значи кога нешто барате треба и да сте спремни исто да го понудите и од својата страна“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во „Трилинг“ на 24 телевизија.

Николоски додаде дека има доста голем број на Македонци во Бугарија, а за тоа тврдат и пресудите до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, каде што има пресуди во однос на непочитување на правата на Македонците во Бугарија.

– Има основа овдека за реципроцитет, рече Николоски.

Николоски посочи дека многу работи се кријат од јавноста.

– Во однос на користење на скратеното име, тоа е дел од т.н. објаснувачки меморандум кој што Бугарија го приложи кон одлуките на Европскиот Совет во март 2019-тата година. Можеби и јавноста се сеќава дека Владата тоа го криеше од јавноста. И јас тоа преку некои свои канали го добив и прв го презентирав во јавноста. Таму има многу посуштински прашања. На пример овој дел кој што се поврзува со т.н. територијални претензии што е смешна работа сама по себе е директно поврзан и со македонскиот јазик и одат во една иста глава каде што Бугарија го спори постоењето на македонскиот јазик. И Бугарија бара две работи, првата работа е истиот да биде именуван како официјален јазик на Република Македонија, а не како македонски јазик. Значи да се избрише терминот македонски. И вториот е да се докаже дека македонскиот јазик во суштина е само т.н. јазична форма народски кажано дијалект на бугарскиот јазик. Тоа е директно удирање во темелот на македонската држава за тоа што основата на македонската држава е македонскиот народ и останатите кои што живеат во Македонија и македонскиот јазик, нагласи Николоски.

Николоски рече дека ако еден од тие два столба се удри, тогаш се доведува во прашање постоењето на државата. Е поради тоа тука нема простор за преговори за тоа што тоа се фундаментални прашања за кои што преговори нема.

Коронавирус