петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 171
home Вести

Николоски: 2020 година беше најтешката и најлошата година, власта не се справи со здравствената и економска криза

Николоски: 2020 година беше најтешката и најлошата година, власта не се  справи со здравствената и економска криза

Според мене за жал во 30 години македонска независност и самостојност ова е најлошата, најтешката година од три причини. Прво се случи здравствената криза заради корона кризата, понатаму се случи економска криза исто така предизвикана од корона кризата, и се случи целосна блокада на македонските евроинтеграции како и еден нов сек на блокирање од Бугарија, и кога сето ова ќе го ставите на купче, се работи според мене за најлошата година, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување во централниот дневник на ТВ Сител и истакна дека за сето тоа е виновна владата која не успеала да се справи со економската, здравствената криза како и блокадата на македонските евроинтеграции.

Секако тука не можам да не го спомнам менаџментот, односно оние кои што треба да се справат со кризата, тоа е владата која за жал оваа година повеќе мислеше на избори и како изборите да бидат во термин кои што нив ќе им одговара отколку да се справува со овие три проблеми, додаде Николоски.

Николоски, посочи дека власта во 2020 година се задолжила една милијарда и 600 милиони евра, што како што изјави тој тоа е историски највисоко задолжување во независноста на Македонија. Во 2020 година видовме дека власта се задолжи точно една милијарда и 600 милиони евра, што е историски највисоко задолжување во независноста на Македонија, а за 2021 година проектира некаде околу 568 милиони евра задолжување, што се заедно за две години е милијарда и 600 милиони евра колку
што сите влади претходно заедно не се задолжиле во независна Македонија, вели Николоски.

И во делот на евроинтеграции власта се обиде во месец март да го скрие таканаречениот објаснувачки меморандум кој што Бугарија успеа тогаш да излобира и да го стави како дел од заклучоците на Европскиот совет. Јас бев тој кој што го изнесе тоа во јавност десетина дена подоцна. Ставањето на главата во песок резултираше со тоа во декември да Македонија добие вето за почеток на преговорите, што беше едно нето во низа затоа што и 2018, и 2019 не почна преговори. Така што кога ќе ги ставите на купче, за жал се работи за најлошата година во 30 години независност и се надевам побрзо ќе ја заборавиме, рече Николоски.

Коронавирус