вторник, 9. март 2021. Вести денес: 13
home Вести

Никој виде фајде од четирите пакети мерки, сега никој не верува петтиот

Никој виде фајде од четирите пакети мерки, сега никој не верува петтиот

Владата го најавува петтиот пакет на економски мерки додека според економскитите и стопанствениците првите четири не дадоа никаков ефект.

Со речиси 50 илјади невработени и во сиромаштија живее населението од почетокот на корона кризата во Македонија. Четирите пакет мерки не им помогнаа на граѓаните. Досегашните 4 пакет мерки беа критикувани од невладиниот сектор, стопанскатта комора, и бизнис заедницата како ненавремени, нетранспарентни и нефункционални. Мерките беа задоцнети а реализацијата целосно потфрли. Владата на Заев без реална помош за граѓаните, пакетот мерки само ПР и популистичка мерка, наместо квалитет имаме квантитет според експертската јавност.

Со критики за пакет мерките излезе и опозицијата ВМРО – ДПМНЕ која вели дека мерките се само мачкање на очи на граѓаните и дека парите не се користат за помош на граѓаните и структурна помош на компаниите туку се популистички. Тоа го кажа членот на извршниот комитет Гордана Димитриевска Кочоска на прес-конференција.

„Јас би го поставила прашањето како ние дојдовме до четвртиот пакет на мерки и зошто токму ни требаше 4 пакети на мерки. Да не зборавиме датумот кога беше прогласена вонредната состојба во Македонија беше 18 март кога министерот за здравство искочи и кажа дека ќе се затворат ресторани, кафичи, игротеки меѓутоа паралелно со тоа немаше од министерството за финансии никаков коментар по однос на тоа што тие луѓе кои што треба да ги затворат своите објекти ќе прават. Во тој прв пакет на мерки кои што го понудија речиси две недели по прогласувањето на вонредната состојба имаше една и единствена мерка во тој период која што би го помогнала стопанството директно со субвенционирање а тоа е ако се сеќавате субвенционирањето на придонесите кои што по тие математики беа некаде околу 5.400 по вработен. Во рамки на тоа единствено нешто што беше директно субвенционирање велиме се тие придонеси. Тоа не покажа некој голем интерес кај приватниот сектор и како резултат на тоа дојде вториот пакет на мерки„ изјави Димитриеска – Кочоска.

Исто така и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Хртистијан Мицкоски излезе со критика за досегашните пакет мерки за кој кажа дека се задоцнет одговор, и дека ќе ја продлабочат економската криза што се покажа точно.

„Четвртиот пакет мерки е промашен обид за дефокусирање на јавноста од вистинските проблеми. Со овој пакет мерки, мафијата ќе се збогати, а граѓаните уште повеќе ќе осиромашат. Целта на мерките е и продлабочување на институционалниот поткуп, а тоа се гледа преку платежните картички кои беа наменети за предизборен поткуп“, изјави Мицкоски.

Економијата бележи огромни загуби, градежништвото е пред колапс, индустријата бележи огромни загуби додека малите и средните компании се повеќе ставаат клуч на врата.

Според сите информации граѓаните и бизнис секторот немаат надеж дека 5 тиот пакет мерки нешто драстчно ќе ја промени катастрофалната состојба во која се наоѓаат и дека владата многу порано и со подобро осмисленаа стратегија и мерки требаше да понуди помош.

Петтиот пакет мерки според економистите нема да ја надомести штетата која се направи на огромен број на затворени и пропаднати занаетчии, мали компании ,фирми и граѓани кои ги изгубија своите работни места.

Коронавирус