понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

„Никој повеќе не верува дека оваа неспособна и расипничка власт може да го подобри неговиот живот“

-Никој повеќе не верува дека оваа неспособна и расипничка власт може да го подобри неговиот живот. Животот единствено дојде за Зоран Заев и неговите функционери, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Никој повеќе не верува дека оваа неспособна и расипничка власт може да го подобри неговиот живот“

Единствено нешто кое граѓаните го гледаат во изминативе 9 месеци е неспособноста и расипништвото на Владата на СДСМ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните гледаат дека Македонија по доаѓањето на СДСМ на власт стана лидер во корупцијата во Европа според индексот на Транспаренси Интернешнл. Граѓаните гледаат дека економијата тоне, бруто домашниот производ бележи пад, а сиромаштијата во континуитет расте. Јавноста е сведок и на неспособноста на Оливер Спасовски и намаленото ниво на безбедност на граѓаните. Убиствата, насилството и криминалот за жал станаа секојдневие благодарение на предизборната коалиција на СДСМ со криминалните структури, стои во партиското соопштение.

Здравството е во слободен пад, а социјалната заштита и грижа на оние на кои им најпотребна не постои.

-Никој повеќе не верува дека оваа неспособна и расипничка власт може да го подобри неговиот живот. Животот единствено дојде за Зоран Заев и неговите функционери, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус