Никој нема да ви го скрши духот, никој не може да ви го одземе она што природно ви припаѓа, рече во завршниот дел од говорот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка опција која има и сила и знаење и мотивација да им стави крај на неправдите и неуспехот.
-ВМРО-ДПМНЕ произлегува од народот, припаѓа на народот, а тој, секогаш победува. Нема време за очајување, Македонија мора напред, со принципи, мудрост и храброст. А ВМРО ДПМНЕ од секој предизвик ќе излезе посилна, поцврста и поуспешна. И затоа Македонијо, напред! Македонијо, напред!, повика лидерот Мицкоски.