вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 137
home Вести

НИКОГАШ НЕМА ДА НАПРАВИМЕ ТОЛКУ ПАРИ КОЛКУ ШТО ЧИНИ ПАРТИСКАТА КЛИЕНТЕЛА!

НИКОГАШ НЕМА ДА НАПРАВИМЕ ТОЛКУ ПАРИ КОЛКУ ШТО ЧИНИ ПАРТИСКАТА КЛИЕНТЕЛА!

Зачувувањето на клиентелистичкиот модел на управување со државата останува приоритет запишан во буџетот, без оглед на цената која мора да ја платат граѓаните. Најрепрезентативен пример за овој факт е ЈП Водовод – Охрид кое одамна е синоним за превработеност, кое едвај успева да ја фактурира водата во системот и кое наместо да финансира капитални проекти – финансира вработувања!

– Наместо ветената комплетна санација на колекторскиот систем, охриѓани добија сукцесивно зголемување на цената на водата за пиење во следните три години.

– Санацијата доцни, но она што никако не смее да задоцни пред претстојните локални избори се 18-те нови партиски вработувања во наведеното претпријатие, за кои граѓаните ќе плаќаат над 5 милиони годишно!

– По првиот дожд фекалиите се влеаја во Охридското езеро, но директорот не смееше да остане без нов личен возач и административни референти!

– Елементарната неспособност за менаџирање на водата е евидентна и резултира со фрапантно висок процент на загуби, но центата на водата и бројот на партиски подобни вработувања е во постојан пораст!

Општина Охрид под водство на Константин Георгиески и СДС покажа и докажа дека ниту знае, ниту може, за што сведичи и Извештајот на Државната ревизија според кој Охрид бележи загуби на вода од загрижувачки 72%.

Ако малку подразмислиме…државата и општините ќе имаа пари за капитални проекти и без да ги задолжуваат граѓаните, и без да ги опростуваат долговите заради неспособноста на градоначалниците и локалните самоуправи, но парите отидоа во непродуктивни трошоци, партиски вработувања, репрезентации и службени патувања, дури и за време на Ковид 19!

Да резимираме, приватниот сектор никогаш не може да направи толку пари, колку што јавниот сектор може да земе и да ги потроши на својата партиска клиентела.

А…кој ја плаќа партиската клиентела?! Секако…граѓаните!

 

Лидија Петкоска

Комисија за локална самоуправа

ЕУРО 2020

Македонија